(ВИДЕО) Актерот Хју Грант задрема на натпреварот на Новак Ѓоковиќ

Од:

На актерот Хју Грант, судејќи според снимката која е хит на социјалните мрежи, малку му здодеа на тенискиот турнир Вимблдон.

64-годишниот актер им се придружи на бројни познати личности на трибините за време на натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи, објавува Citymagazin.

Камерата на BBC го сними моментот кога Хју кратко дремеше – само неколку минути откако разговараше со кралицата Камила.

Гледачите беа воодушевени кога го видоа на екранот.

Пред да заспие, Грант беше во одлично расположение. Со насмевка на лицето, разговараше со кралицата.

Секако, снимката од Хју Грант како спие брзо стана вирална на X-Network, а шегите едноставно не престануваат.

Би можело да ве интересира

Го победи Ѓоковиќ и заработи повеќе отколку во целата кариера

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај

Горан Наумовски

Ѓоковиќ по 20ти пат во кариерата го победи Чилиќ

А1он

Ѓоковиќ падна на петтото место на АТП ранг-листата

Ѓоковиќ останува четврти, Алкараз неприкосновен на врвот

Ѓоковиќ: Ќе биде тажен ден за мене кога ќе го напуштам тенисот

А1он