Димитриевски: Македонија мора да се обедини доколку сака да се зачува и опстане

Од:

Претседтелот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски на денешната прес конференција рече дека вчерашниот ден, на прв поглед, изгледа како секој друг, но по својата суштина, тој е дел од истата историска нишка што ја ткае македонската борба со векови.

„Не е различен од денот кога Илинденците, иако свесни за мали шанси, го кренаа востанието, не како воен план, туку како акт на достоинство. Не е поразличен од тишината што остана по Солунските атентати, кога пораката беше јасна: слободата се заслужува, не се чека. И не е ни поинаков од раното утро на 11 октомври 1941 година, кога првите партизани од Прилеп и Куманово тргнаа во борба против фашизмот, не затоа што беа најсилни, туку затоа што имаа сопствена идеологија, цел
и беа најхрабри. Тие не чекаа наредби, не чекаа гаранции. Знаеле само едно, дека ако сакаме слобода, мораме сами да ја извојуваме. И затоа, секоја борба за правда денес е продолжение на нивната жртва. Секоја победа е одговор на нивниот повик: Македонија да биде слободна, праведна и своја. Вчерашниот ден потсетуваше на продолжение на тој завет“, рече Димитриевски.

Тој додаде дека треба да се потсетиме на сите историски неправди кои го следат македонскиот народ, не како случајност, туку како облик на системски негирања, од промената на знамето, наметнатата референца ФИРОМ, ветата што не беа исполнети, блокадите на патот кон НАТО, болниот компромис за името, до насилствата, поделбите, промените што се случуваа без волја на народот, кога секогаш ни се ветуваше иднина, а ни се одземаше достоинството.

„Колку пати слушнавме за „позитивен извештај“? Колку пати нè нарекоа „пример за регионалниот напредок“? И колку пати тоа не значеше ништо, освен ново понижување, нов услов, ново бришење на она што сме?! Вчера бевме сведоци на уште една страница од истата книга, книгата на македонскиот отпор, на истрајноста, на постојаното исправување по секое удирање. Македонија поминува низ повторена историја. И ако не се спротивставиме, ако не поставиме јасна, достоинствена,
државна позиција, тогаш ќе станеме народ што не учи од својата жртва“, рече Димитриевски.

Тој додаде дека верува во спротивното:

„Верувам дека вчерашниот ден, токму таков каков што беше, тежок, неправеден, повторно со извештај што личи на притисок, ќе биде уште еден ден што ќе не обедини. Не околу политика, туку околу Македонија. Ние ја сакаме Македонија во Европската Унија. Движењето Знам за Наша Македонија токму за тоа се залага. Но не сакаме Македонија без Македонци. Не сакаме членство што ќе го платиме со негирање на сопственото постоење“.

Претседателот на ЗНАМ потенцира дека Европа треба да биде простор на вредности, не на уцени.

„Ако ЕУ дозволи еден нејзин член, како што е Бугарија, да ги претвори преговорите во средство за историски реваншизам, тогаш таа дозволува унија во која слабите се жртви, а силните го прекројуваат идентитетот на соседот. Грчката пратеничка во Европскиот парламент, Афродита Латинопули, од удобноста на европските клупи, изјави дека била „вистинска горда Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје“.

Добредојдена е во нашата Македонија – кога и да посака. Но да знае: вистинските Македонки не даваат изјави за аплауз, туку се борат овде, секој ден.
Како словенечката пратеничка Ирена Јовева, која со исправена глава, на македонски јазик, им се обрати на бугарските колеги и им порача: „На македонскиот народ не му треба дозвола да постои – вам ви треба храброст да го признаете тоа.“ Тоа е разликата: едната негира нација, другата е гласот на достоинството
и вредноста на Европската Унија“.

Димитриевски посочи дека Република Бугарија води политика на културна агресија, со дипломатија на бела ракавица и со историско фалсификување.

„Историјата не учи, но само ако сакаме да ја слушнеме! Во мракот на Втората светска војна, македонските Евреи беа немилосрдно собрани, депортирани и пратени во логорот Треблинка. Тоа не беше само обична воена операција, тоа беше систематски и организиран геноцид, извршен под директива на фашистичка Бугарија. Над
7.000 души – мажи, жени, деца – беа избришани од македонската почва, без да се вратат назад, без сведоци, без глас.

И денес, 80-тина години подоцна, истата идеологија, само со поинакви методи, се обидува да го избрише македонскиот народ. Нема гасни комори, но има политички условувања. Нема возови кон Треблинка, но има преговори што водат кон поништување на идентитетот. Нема униформирани фашисти, но има модерни дипломати со исти цели: да го претворат македонскиот народ во историска забелешка, без јазик, без култура, без корен. Тоа што не го завршија со еврејската заедница во Македонија во 1943, сега се обидуваат да го сторат со целиот македонски народ“.

Тој додаде дека тогаш нè убиваа телесно, денес сакаат да нè убијат духовно и национално.

Тогаш се криеја зад окупаторски униформи, денес се кријат зад членки на Европската унија. Но, македонскиот народ постои. Преживеавме империја, асимилација,
колонизација и геноцид. Ќе ја преживееме и оваа нова закана. И нема да молчиме“.

Сега, рече Димитриевски, тие не нè напаѓаат со оружје, туку со параграфи, услови и напишани „пријателства“ во анекси и протоколи.

„Не сакаат само да се согласиме со нив, туку инсистираат да се откажеме од себе. Кога гостував во бугарските медиум, не отидов да им се допаднам, туку да
им ја кажам вистината: дека Гоце Делчев не е нивен, туку наш национален херој. Дека Илинден не е нивен празник, туку нашиот симбол на слобода и достоинство. Дека Македонците постоеле, постојат и ќе постојат, со или без нивна согласност. Дека Бугарите мора да прифатат дека сме Македонци, инаку нема да се
разбереме. И повторно ќе одам и стоjам на располагање на секој бугарски медиум и секоја бугарска телевизија, повторно да гостувам, да говорам и да ги
соочам со вистината. Ќе ги носам и истакнам фактите за:

• Илинден 1903 – кога се боревме за македонска автономија, не за бугарска. Ќе говорам повторно за Илинден – не како бугарски празник, туку како
македонско востание за слобода.

• АСНОМ 1944 – кога се возобнови државноста на македонскиот народ, не како носталгија, туку како почеток на нашата државност.

• Ќе говорам за Втората светска војна – не како за „спорна епизода“, туку како период во кој Бугарија била фашистички окупатор, а македонскиот народ – дел од антифашистичката победа. Ова не се митови.

Ова се факти, запишани во архивите, документирани, признати од целиот свет! Ова е вистината што сакаат да ја потиснат“.

Тој потренцира дека во Движењето ЗНАМ не градат политика врз страв или калкулација.

– Нашата идеологија е јасна: Македонија на прво место. Македонија достоинствена. Македонија непокорена. Дозволете ми да бидам јасен, рече тој,- Ова е долгогодишна и системска политика на негирање и ревидирање на нашата историја, идентитет, јазик и култура. Tоа е притисок кој трае децении, низ разни форми, од официјални документи и историски интерпретации, до политички притисоци и пропаганда. Нема да дозволиме тоа да продолжи, затоа што нашето право да
постоиме како Македонци е неотуѓиво“.

Димитреивски рече дека трагедијата е во тоа што овде, во Скопје, токму на ваквата политика и се отвори ширум вратата и започна токму од нашите дворови.

„И тоа преку изјавите на поранешниот Претседател на државата, Стево Пендаровски, човекот кој не само што јавно се декларираше како творец на Францускиот предлог, туку и без срам изјави дека Гоце Делчев бил Бугарин, потоа преку Зоран Заев, кој со потпишувањето на Преспанскиот договор го замени македонскиот идентитет со „коса црта“, да потсетам, во графата наместо „Република Македонија“ мораше да стои „коса црта“, тоа беше забетонираниот идентитет што ни го остави Зоран Заев, срамна формула за постоење без јасност, без достоинство, без државнички став. Потоа, преку поранешниот Претседател на Владата, Димитар Ковачевски, кој потпиша договор без консултација со народот, се до министри кои ги променија учебниците, не заради вистината и историјата, туку заради наредба.

Тоа раководството на СДСМ го внесе бугарскиот наратив во институциите. Претходната Влада го внесе сомнежот во македонското дете. Тие го наметнаа прашањето – „Кои сме ние?“, но и ги остави младите без одговор! Зоран Заев едновремено изјави дека историјата ќе ја „оставиме на историчарите“. Но вистината е поинаква, тој ја предаде историјата, идентитетот и достоинството на народот, ја распродаде. Тогашната владејачка гарнитура предводена од ДУИ и нивниот привезок СДСМ
не беше вистинска власт, туку слуга на странски и партиски интереси.

Тие не ја претставуваа волјата на граѓаните, туку ја предаваа државата и иднината на лични и партиски агенди. Наместо да се борат за народот, тие
работеа за својата власт и профит, игнорирајќи ја потребата за правда, развој и суверенитет. Тоа не беше влада на народот – тоа беше влада на предавство.
Додека народот се бореше за достоинство, тие водеа бизниси, земаа златни визи и броеја профити во сенка. Ги интересираа само тендерите, компаниите, дипломатските пасоши и иднината на нивните семејства надвор од државата. Токму оваа позиција во која денеска се наоѓа Македонија е директен производ на нивните политики, на лагите и манипулациите што ги ширеа низ годините“.

Димитриевски потенцира дека колку и да се кријат зад извештаи, декларации и меѓународни пофалби – пред историјата ќе стои само едно прашање:

„Што направивте за Македонија кога најмногу беше потребно? одговорот ќе биде: Се продадоа. А нè оставија нас да се бориме. Ние, во ЗНАМ, го даваме нашиот одговор. Ние стоиме на браникот на идентитетот, не затоа што тоа е лесно, туку затоа што тоа е исправно. Македонскиот народ не бара повеќе од другите.
Но не прифаќа да биде помал од било кого. Затоа нашата борба не е против Европа – туку за Европа на рамноправни народи.

Нашата борба не е против интеграцијата – туку против асимилацијата. Нашата борба не е за да бидеме „послушни“, туку да останеме свои. И токму затоа, Движењето ЗНАМ ќе биде политичката сила што ќе ја обедини Македонија. Не врз партиски интереси, туку врз народна кауза. Ние од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија нудевме и сеуште нудиме решение, преку НАЦИОНАЛНАТА ПЛАТФОРМА за македонско национално единство – документ кој ги дефинира црвените линии на македонскиот национален
интерес и повикавме сите политички партии да ја прифатат.

Но господата од СДСМ, наместо барем да ја прочитаат, ја отфрлија во првиот момент. Не затоа што имаа аргументи, туку затоа што ги засрамува! Затоа што секој ред во таа платформа е сведоштво за нивната капитулантска политика и молкот кога требаше да застанат во одбрана на македонскиот идентитет. Македонија има кој да ја брани. И Македонија има за што да живее. Ќе го продолжиме заветот од Илинден и пораката од АСНОМ.Ќе изградиме држава во која никој нема да се срами да каже дека е Македонец.

Димитреивски рече дека историјата нема да се пишува од надвор, а иднината нема да се бара со наведната глава. Тој додае дека по завршувањето на парламентарните избори изјавиле дека никогаш во Македонија нема да биде исто и повика на обединување.

„Во оваа прилика, заедно со сите мои колеги, не воден од политички мотив, повикувам на национално обединување кое што ќе не спои. Потпишување на една заедничка платформа и декларација на сите политички субјекти во Македонија, каде што ќе покажеме општо единство, при тоа не земајќи ги во предвид досегашните направени грешки од сите птретходници и политички елити. Тоа на Македонците и на макед0онскиот народ му е потребно “ рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија,Максим Димитриевски.

Запрашан каде го гледа решението со проблемот со Бугарија, тој одговори:

„Времињата кога Македонија и македонското прашање се решавани на релација Софија, Атина, Белград се минато. Имаме партнери во меѓународната заедница, ќе зборуваме и ќе бараме разбирање.Тоа е всушност улогата на дипломатијата. На Македонија и е потребно национално обединување како никогаш досега. Доколку имаме елементи кои од внатре не гушат, тогаш стануваме послаби. Македонија е една од главните стратешки точки на овие простори и те како имаме и со што имаме да се договараме и со регеионалните, а и со големите светски сили“.

На прашањето дали го подржува ставот за уставните промени и дали се за Европската унија, Димитриевски рече:

„Барањата кои доаѓаат од официјална Софија и се потврдија со една нова резолуција пред месец и половина се веќе депласирани. Она што се случи во Европскиот парламент, национализам, па дури и етношовинизам од поединци претставници кои доаѓаат од соседна Бугарија, но за жал и од соседна Грција, потврдуваат дека ние веќе не разговараме за промени на уставот. Тоа што го тврдевме пред повеќе од две ипол години дека ова не е единственото барање упатено до Македонија се потврдува денес. Одредени политички елити тоа не го признаваа. Верувам дека сега сите ќе се свестат и ќе работиме малку поорганизирано. Очекувам и нови барања, и доколку Европа сака да функционира така, тогаш нека си ги чува, а ние ќе го бараме нашиот пат и своето решение. Со сопствени сили до таму каде што можеме. Можам да гарантирам, како партиципиент во власта, дека ЗНАМ ќе остане на својот европски курс, но ќе се свртиме кон себе си и ќе бараме дополнителен начин како да го подобриме животот на граѓаните“.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Насилството мора да биде санкционирано со полна сила на институциите

Димитриевски тврди: Ѓорѓиевски е еден од најквалитетните градоначалници во Македонија

ЗНАМ во Виница: Гласот на граѓаните на прво место

Горан Наумовски

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: Караван „Со срце за нашата општина“ во посета на Битола, Лозово, Бутел, Богданци и Дојран

Горан Наумовски

Гостивар во фокусот на ЗНАМ: Жителите на Гостиварско го креираат патот кон новата локална политика

Бендевска за критериумите на кандидатите за советници: Тие мора да ги отсликуваат заложбите на партијата за чесно, отчетно и одговорно работење