Херцог: Ова е нашиот „Ден потоа“

Од:

Израелскиот претседател Исак Херцог денес изјави дека Израел треба да се залага за нормализација на односите со арапскиот свет по неодамнешните воени успеси.

Тој на церемонијата по повод дипломирањето на Колеџот за национална безбедност рече дека Израел треба да иницира нормализација на односите со соседните арапски земји по војната во Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

„Ова е нашиот „Ден потоа“ и мора да разговараме за ова и да работиме на тоа. Целосната победа ќе дојде само кога државата ќе знае како да го претвори својот воен триумф во политички потег“, рече Херцог.

Според него, би било сериозна стратешка грешка за Израел да се откаже од можностите што се нудат.

Би можело да ве интересира

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено