(ВИДЕО) СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани, 934 милиони денари помош за настраданите

Од:

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе амандман во Собранието со кој се бара финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во најголемата трагедија во поново време — пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 лица, а над 250 беа повредени со трајни последици.

– Ова е еден од клучните амандмани поднесени на ребалансот на Буџетот, со цел да се предвидат 934.340.000 денари како директна помош за погодените семејства. Средствата предвидуваат еднократен надомест за загинатите и финансиска поддршка на повредените, во согласност со степенот на инвалидност – рече пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски на денешната комисиска расправа за ребаланс на буџетот.

Спасовски потенцираше дека овој амандман е продолжение на иницијативата на СДСМ за носење на Законот за поддршка на настраданите во Кочани — закон што сè уште чека да биде разгледан во надлежната комисија.

– Очекувавме разбирање, солидарност и човечност во оваа постапка, особено затоа што се работи за директна помош на луѓе кои преживеаја хорор, а многу семејства загубија најмили. За жал, власта реши да не покаже ниту политичка ниту човечка волја да застане зад оваа иницијатива. Наместо единство и одговорност, видовме блокада и игнорирање на најголемите страдања на нашите граѓани – потенцираше Спасовски.

СДСМ останува цврсто посветен на принципите на солидарност и хуманост. Подготвени сме да ги повлечеме сите останати амандмани, доколку власта се премисли и го прифати овој – затоа што веруваме дека нема поважна тема од оваа.

– Ниту едно патче, ниту еден канал, ниту едно вработување не е поважно од тоа да помогнеме таму каде што болката е најголема. Ова не е прашање на политика, туку прашање на човечност. Повторно повикуваме на разум и солидарност. Народот во Кочани и цела Македонија заслужува да знае дека институциите не се глуви на нивната болка – рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Ова не е само судење за еден пожар – ова е судење за човечноста, совеста и одговорноста, реакција на родителите на жртвите во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Судењето за трагедијата во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Митева: Владата со посебен фокус за Кочани, 100 милиони евра за капитални инвестиции

Пренеси им порака на ангелите, правдата мора да дојде – родителите на жртвите со порака по смртта на Панчо

Почина Панчо од ДНК, седум месеци по трагедијата во кочанскиот „Пулс“

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?