(ВИДЕО) Ангелов: Причина за пожарот кај Блаце е фрлен отпушок од цигара од возило или намерно потпалување

Од:

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило “амарок” на ДЗС, дејствуваат како поддршка на скопската Бригада за противпожарна заштита која со повеќе пожарникари и возила го гаси големиот пожар на отворен простор на територијата на општина Чучер Сандево над магистралниот пат Скопје – Блаце кој изби вчера во попладневните часови, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

– Од мое непосредно забележување можам да кажам дека овој пожар изби непосредно до магистралниот пат кон Блаце и можна причина е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување. Затоа, апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно и никогаш да не фрлаат отпушоци од цигари надвор од возило, дури и тогаш кога се убедени дека се изгаснати. Доколку забележите пожар веднаш јавете на бројот 112, вели Ангелов.

Би можело да ве интересира

Михаилов: Силен пожар од Србија се приближува кон Македонија

А1он

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ЦУК: Десет пожари на отворен простор, активни се шест

(ВИДЕО) Ангелов: Изгаснат пожарот кај Лопатица, останува високиот ризик од нови огнени стихии

ЦУК: Пет активни пожари, два се под контрола

Горан Наумовски

Пожар во атарот на кумановското село Никуштак