Српската влада до граѓаните: Не патувајте во Хрватска, може да биде опасно

Од:

Српската влада им препорача на своите граѓани да не патуваат во Хрватска овој викенд.

На веб-страницата на Министерството за надворешни работи е наведено дека престојот во Загреб може да биде ризичен, бидејќи на концертот на Марко Перковиќ Томпсон се најавени околу половина милион посетители.

„На граѓаните на Република Србија им се советува да не патуваат во Загреб во периодот од 4 до 6 јули 2025 година поради концертот на Марко Перковиќ Томпсон планиран за 5 јули на Загрепскиот хиподром. Со оглед на тоа што се очекуваат околу 500.000 посетители, престојот во Загреб во тој период може да претставува безбедносен ризик за граѓаните на Република Србија“, се вели во соопштението на веб-страницата на српското министерство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство

Марта Кос со порака до Србија за погребот на Ратко Младиќ: „Се надевам дека знаат што ризикуваат“

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он

Акција во Србија: Уапсени тројца осомничени за киднапирање и малтретирање на пет странци: Барале 30.000 евра откуп

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија