Познатиот актер Мајкл Мадсен е пронајден мртов

Од:

Мајкл Мадсен, познат по своите улоги во култните филмови „Reservoir Dogs“ и „Kill Bill“, почина на 67-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја потврдија претставниците на познатиот актер за People. Според NBC4 Los Angeles, Мадсен починал од природна смрт.

„Од она што го знаеме, Мајкл доживеал срцев удар и бил пронајден во несвест рано утрово во својот дом во Малибу“, изјави неговиот менаџер Рон Смит за People.

Менаџерите Рона Смит и Сузан Ферис, заедно со публицистката Лиз Родригез, објавија заедничка изјава по смртта на актерот:

„Во текот на изминатите две години, Мајкл Мадсен работеше на исклучителни проекти во независниот филм, вклучувајќи ги претстојните филмови „Resurrection Road“, „Concessions“ и „Cookbook for Southern Housewives“, и навистина се радуваше на оваа нова фаза од својот живот.“

Тие додадоа дека Мадсен е во завршна фаза од работата на неговата нова книга „Tears For My Father: Outlaw Thoughts and Poems“, која моментално е во фаза на уредување.

„Мајкл Мадсен беше еден од најпрепознатливите актери во Холивуд и ќе им недостига на многумина“, се заклучува во соопштението.

Би можело да ве интересира

23-годишен осуденик од „Идризово“ почина во Клиничкиот центар во Скопје

Полицaјци во Љубљана убија маж – ги нападна со нож

А1он

(ВИДЕО) Туристи се заробени во Мексико: „Ова е без преседан, можеме само да се молиме“

Поранешен заменик-министер за правда на Русија е пронајден мртов во неговиот стан во Москва

Убиени режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел

Катерина Ѓуровски

Моќниот Пабло Делгадиљо наредил егзекуција на струмичанецот Дејанчо Лазаревски