(ВИДЕО) Две лица загинаа, а четири се повредени во пукотници во Вашингтон

Од:

Две лица, меѓу кои и осомничениот за пукањето загинаа, а четири се повредени во вооружен напад што се случи во близина на вежбална во населбата Логан Серкл во Вашингтон, соопшти денеска полицијата.

Вршителот на должноста началник на полицијата во Вашингтон, Џефри Керол, на прес-конференција изјави дека за време на преговорите со осомничениот, кој се забарикадира во еден стан, полицијата слушна истрел од тој стан, пренесува „Фокс њуз“.

Полицајците потоа ја скршиле вратата и го пронашле осомничениот со прострелна рана што самиот си ја нанел.

Според Керол, осомничениот пукал и кон полициските службеници од зградата во која се наоѓал.