Песков: Се ближи крајот на специјалната воена операција во Украина

Од:

Крајот на војната во Украина ќе зависи од количината на западно оружје што ќе го добие Киев, изјави во неделата портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата во врска со снабдувањето со оружје на Украина и дека „забележува одредени проблеми“.

– Колку помалку ракети пристигнуваат од странство во Украина, толку е поблиску крајот на специјалната воена операција, рече Песков.

Претходно, како што објавува РИА Новости, порталот Политико пишуваше за привременото прекинување на испораките на муниција и оружје од САД во Украина, поради исцрпувањето на американските залихи.

Заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, потврди за NBC дека испораките се прекинати, наведувајќи дека одлуката е донесена за да се даде приоритет на заштитата на американските интереси.

Исто така, републиканскиот конгресмен и член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, Брајан Фицпатрик, побара итен брифинг од Белата куќа и Пентагон во врска со прекинувањето на воените испораки на Киев.

Коментирајќи ги овие наводи, Песков изјави дека „се чини дека (американската) индустрија не успева да произведе доволен број ракети, особено затоа што големи количини се испорачани во Израел и Украина, а испораките сè уште се во тек“, додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Најмалку 32 лица се повредени во напади со беспилотни летала врз регионот Лавов

Киев му се закани на Трамп: Ќе одговараш пред американскиот народ

Киев оди на сè или ништо: Зеленски се подготвува да мобилизира до еден милион луѓе

САД објаснија како Русија ги надмудрила во Иран

Горан Наумовски

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато