Димитриевски: Конечно правдата излезе на виделина

Од:

Правдата излезе на виделина, во судската постапка беа презентирани факти и аргументи, присуствував на рочиштата, ги бранев интересите, правдата победи, кажа кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, откако обвинителството го повлече обвинението против него.

– Конечно правдата излезе на виделина. Пред претседателските избори во 2024 година реков дека тоа е политички монтиран процес од страна на урбано-политичко бизнис спрега позната во општината. Бранев јавен интерес и тогаш и сега ги застапувам интересите на граѓаните. Како човек кој верува во институции и малкуте професионалци кои ги има во нив а во овој случај и во узурпираниот обвинителско правосуден систем, поминав низ долго патешествие и присуствував на секое рочиште пред судот. Во таа судска постапка беа презентирани многу факти и аргументи во форма на докази од мојот адвокатски тим кои ги побија обвинувањата и потврдија дека сум работел по закон во заштита на јавниот интерес. Правдата победи! Трошоците на постапката ќе бидат надоместени според закон, а јас во иднина ќе информирам за моите понатамошни правни дејствија, соопшти Димитриевски.

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. Димитриевски беше обвинет, лани во април за „злоупотреба на службената положба“, затоа што советот донесе суспензија на детален урбанистички план. Во рочиштата кои беа одржани изминатиов период, сопственици на градежни компании се жалеа дека имаат штета донесена од суспензијата. Градоначалникот кажа дека ги штити интересите на кумановци, бидејќи изградбата на комплексот згради во централното градско подрачје помеѓу гимназијата и школската амбуланта ќе го наруши хуманото живеење.

Би можело да ве интересира

Немало докази за направена штета, објаснување од Обвинителство за повлеченото обвинеие против Максим Димитриевски

Обвинителството се откажа, Максим Димитриевски нема да одговара за супензијата на урбанистичкиот план

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски

Димитриевски очекува победа на неговата партија во општините каде ќе имаат свои кандидати за градоначалници

Димитриевски: Никогаш нема да поддржиме промена на Уставот доколку не се направи јасна дистинкција на македонскиот јазик

Горан Наумовски