Македонија е во пеколен топлотен бран

Од:

Под влијание на топла воздушна маса од југ, од денеска до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Институтот за јавно здравје деновиве излезе со препораки за заштита на повозрасните од топлото време.

Се апелира повозрасните да избегнуваат изложување на сонце, како и работа на отворено, во периодот од 11 до 17 часот. Да носат лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капа со висок свод и широк обод и крем со УВ фактор 30+ при изложување на сонце. Да се пие повеќе од вообичаено и да не се чека додека не се почувствува жед за вода. Алкохолните пијалаци да се избегнуваат, како и оние што содржат кофеин, но и екстремно ладните. Доколку лекарот им има поставено некои ограничувања за внес на течности, да се консултираат со него.

Се препорачува да се избегне користење шпорет, рерна и слични уреди од 11 до 17 часот.

– Хроничните болни, посебно оние со болести на кардиоваскуларниот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија, нагласуваат од ИЈЗ.

За сите промени во здравствената состојба, како што се истакнува, задолжително да се консултира избраниот матичен лекар.

Би можело да ве интересира

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

38 степени денеска, во следните денови пожешко

ВИДЕО: Топлотен бран во Европа, рекорди 46 степени во Шпанија, Лондон се вари на 35

Катерина Ѓуровски

Пеколно време и денеска, во викендот намалување на температурите

Летото ќе биде натпросечно топло, со жешки бранови со екстремни тепмератури

Пеколен бран во Македонија, температурите над 40 степени