Курти: Ќе сториме сè за да се конституира Собранието на Косово до крајот на месецот

Од:

Вршителот на должноста – премиер на Косово Албин Курти денеска изјави дека ќе направи сè за новото Собрание да биде конституирано до крајот на јули, a во духот на соработка меѓу политичките партии.

По двочасовната средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, Курти истакна дека законските рокови течат и дека конституирањето на новиот собраниски состав мора да се случи во последната недела од јули.

„Ќе сториме сè што можеме за да го оствариме тоа во дух на соработка, со идеја за консензус или компромис, за потоа да преминеме на формирање нова влада“, рече Курти.

Тој додаде дека на средбата биле разгледани сите аспекти на процесот на конституирање на Парламентот.

Курти нагласи дека треба да се почека завршувањето на средбите на претседателката со претставниците на другите партии за да се процени дали ќе има доволно напредок.

Уставниот суд на 26 јуни ги задолжи пратениците да го конституираат Собранието во рок од 30 дена. Во саботата, на повик на Курти, беше одржана средба со претставници на сите парламентарни партии, освен Српската листа, но не беше постигнат договор.

Би можело да ве интересира

Курти ги поддржа САД по нападот врз Иран: Тоа е наш пријател, демократска суперсила која треба да се поддржи

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски