(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Од:

Општина Куманово, под водство на Максим Димитриевски, постојано е во центарот ама со скандали, со индиции за судир на интереси и можен коруптивен договорен систем за испумпување на парите на граѓаните. Медиумите веќе објавија документи како општина Куманово склучува договори за изведба и надзор со фирми на блиски роднини, изјави Марина Манојловска, претседателка на Форум на Жени на СДСМ Куманово.

– Општината склучила договори за изведба на градежни работи со фирмата РМК ГРАДБА АС Дооел Скопје, во сопственост на Рафис Камберовски. Истовремено, надзор над тие исти проекти го вршела фирмата АК ИНЖЕНЕРИ ДООЕЛ од Цветово, во сопственост на Муарем Камберовски. Двајцата Камберовски се блиски роднини. Значи едниот роднина Камберовски гради, другиот роднина Камберовски демек го контролира.

Па кај го има ова? Во Куманово, со Максим Димитриевски. Ова ли е начинот на кој градоначалникот Димитриевски ја разбира „чесната и домаќинска“ работа?
Не, почитувани ова е основано сомнение за: Судир на интереси. Непотизам и фаворизирање на роднински фирми. Злоупотреба на јавните средства на граѓаните на Куманово. Прашањето е кој е интересот на Максим Димитриевски? Дали зад доделувањето на тендери на роднини во суштина се крие бизнис интерес на Димитриевски? Го повикуваме Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција, како и Јавното обвинителство, итно да се вклучат и да ги испитаат сите сомнежи за коруптивно однесување во овој случај. Граѓаните на Куманово заслужуваат одговори. Заслужуваат транспарентна, отчетна и одговорна локална власт. А не власт која ја движи само бизнис интересот на градоначалникот. СДСМ ќе продолжи гласно да укажува на секој обид за злоупотреба и ќе се бори за одговорност. А одговорност ќе има, рече Манојловска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Велковски: Со поддршката од Ашиковски одиме на победа во вториот круг, време е Лозово пак да се развива

Димитриевски: Проблеми имало и ќе има, со посветена работа ќе ги решаваме без да застанеме

Горан Наумовски

Филипче од Јакреново: Таму каде што СДСМ има градоначалници, има резултати

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да понуди решение или аргументирана критика, СДСМ продолжува по старата, погрешна насока

Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

(ВИДЕО) Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, а Пулс, дивата сеча и тепањето советник