(ВИДЕО) Талески: СДСМ заврши над 90 отсто од патот низ Фаришката клисура, ВМРО-ДПМНЕ повторно се кити со туѓи перја

Од:

Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско. Задоволството е поголемо заради огромното значење за граѓаните кој овој пат го има не само за Прилеп и прилепчани, туку и за граѓаните на Битола, Ресен и од целиот Пелагониски регион. Горди сме затоа што СДСМ во својот мандат заврши над 90% од работите овој проект, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

– Завршени беа 2 тунели со вредност од околу 6 милиони евра кои беа најсложени за изградба. Асфалтирани беа над 95% од вкупната должина на патот. Изградени беа сите клучни конструктивни елементи: 21 мост, 11 потпорни ѕидови, 15 пропусти, 1 вијадукт, 1 галерија. Проектот долг 10,2 километри, со вредност над 33 милиони евра, најтешкиот и најкомплексен дел од трасата во Фаришката клисура го заврши Владата на СДСМ. Тоа граѓаните многу добро го знаат.

Што направи ВМРО-ДПМНЕ? За цела 1 година да заврши мал дел, да санира само едно свлечиште, да постави бетон од 10 метри, да заврши дел од сигнализацијата и дел од оградите. И она најважното за нив, да се китат со туѓи перја, да се сликаат пред камерите и да го претставуваат овој проект како свој. Но сепак добра вест за граѓаните е дека кончено патот е завршен. Дека граѓаните од целиот пелагониски регион добиваат пат значаен за економијата, транспортот и безбедноста. Со одговорност и посветеност кон реалните потреби на граѓаните СДСМ многу инвестираше, особено во патните проекти. СДСМ многу инвестираше во различни проекти, особено во патната инфраструктура. Експресниот пат Градско –Дреново е исто така проект на СДСМ, обновата на патната делница кај Плетвар, патот од Прилеп кон езерото, почетокот на реализацијата на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола како дел од Коридорот 10д и така натаму. Им благодариме на сите вредни градежни работници, инженери, проектантни, на сите кои работеа и учествуваа во реализацијата на овој проект, рече Талески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?