Русија го раскина нуклеарниот договор со Шведска

Од:

Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша наредба за раскинување на договорот со Шведска за размена на информации за нуклеарни објекти и за навремено известување за нуклеарна несреќа.

Документот е објавен на официјалниот и правен информативен портал, пренесува РИА Новости.

„Во согласност со став 1 од член 37 од Федералниот закон „За меѓународни договори на Руската Федерација“, Договорот меѓу Владата на Сојузот на Советските Социјалистички Републики и Владата на Шведска за навремено известување за нуклеарна несреќа и за размена на информации за нуклеарни објекти, потпишан во градот Стокхолм на 13 јануари 1988 година, со ова се раскинува“, се наведува во документот. На руското Министерство за надворешни работи му е наложено да ја извести шведската страна за одлуката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СБУ користеше дронови за напад на рускиот аеродром на Крим, уништени се хеликоптери

Горан Наумовски

Русија изгуби 1.017.720 војници во Украина

Руските авиони ја вознемирија Полска кој ги „подигна“ авионите

Лавров: Западот никогаш нема да може да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Директна порака до Русија, границите ќе бидат смртоносни

Русија го суспендира нуклеарниот договор со Шведска

Горан Наумовски