Амбасадата на САД во Србија ги предупредува граѓаните да ги избегнуваат местата за протести во Белград

Од:

Амбасадата на САД во Србија ги предупреди своите граѓани да ги избегнуваат областите во Белград каде што денес се закажани протести и собири и издаде препорачани мерки.

– Доколку се најдете во близина на собир или насилна ситуација, веднаш напуштете ја областа. Доколку не сте во можност да заминете, пронајдете безбедно место за засолниште – соопшти амбасадата на САД во безбедносно предупредување објавено на својата веб-страница.

Покрај избегнувањето на областа, амбасадата на САД им препорачува и на своите граѓани да ги следат локалните медиуми, да останат во затворен простор, да обезбедат доволно залихи од храна и вода и да направат планови за евакуација или засолништа доколку евакуацијата не е можна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ

Пленковиќ крена тревога поради Србија: „Ова е шопинг-манија“ – Загреб ги информираше партнерите

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“