ДПИ: Има зголемувања на цените во малопродажба

Од:

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денеска на прес-конференција во Владата информираше дека има одредено зголемување на цените во малопрдажба, додека во големопродажба цените се вратени на ниво како пред одлуките за ограничување на маржите и замрзнување на цените што завршија на 30 април годинава.

– Има одредени зголемувања на цените на пазарите во малопродажба, додека во големопродажба начелно цените се вратени како пред одлуката. Има одредени зголемувања од три до пет проценти кај производите со најголем обрт, додека кај оние со помал обрт како производи за лична хигиена, бебешка храна, пелени се движат од 10 до 20 проценти. Забележани се намалувања од 20 до 100 проценти кај зеленчукот и овошјето, рече Стојкоски.

Анализата од ДПИ пред 10-тина дена е доставена до Министерството за економија и труд и таа се темели на извршена контрола направена кај трговците на мало и трговците на големо со која биле опфатени повеќе од 100 субјекти или над 1000 продажни места.

Според Стојкоски, се работи за обемна анализа што треба да биде разгледана по што ќе се произнесе Министерството за економија.

Би можело да ве интересира

Стојкоски: Ќе има кривична одговорност доколку некој несовесно врши угостителска дејност

СДСМ: Цените растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите

Горан Наумовски

Дурмиши: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе има поригорозни мерки

Од денеска трговците со повеќе од 10 вработени на денван основа цените треба да ги имаат на веб страниците

ДПИ издаде 360 прекршочни платни налози и 28 решенија за привремена забрана на дејност

Фрчкоски: Зошто актуелниот директор на ДПИ не е опфатен со истрагата за Кочани?