Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека, според проценките на надлежните служби, вечерва во Белград помеѓу 20:45 и 21:45 часот може да се очекува обид за насилство од страна на учесниците во студентските протести, но дека државата е подготвена да одговори на тоа.
На прашањето на новинарите во Палатата на Србија што да очекуваат навечер, Вучиќ рече:
– Ќе има насилство. Тие не можат да се извлечат од него. Според нашата проценка, почетокот на насилството се очекува помеѓу 20:45 и 21:45 часот. Ние сме подготвени. Кој ќе ги слуша Бодирога, Кокановиќ, Перишиќ? Ова се бесмислени говори. Тие не се во можност да кажат пет реченици за себе, а камоли нешто повеќе – рече Вучиќ.
Тој ја даде изјавата по церемонијата на доделување одликувања на заслужни поединци и институции по повод Видовден.