ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања

Од:

Општина Центар „цвета“, благодарение на невидливите успеси на градоначалникот Герасимовски. Наместо решавање на горчливите проблеми, сведоци сме на застој, неефикасности и отсуство на визија за развој, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се поголем е бројот на незадоволни жители од начинот на кој функционира локалната самоуправа, под водство на шампионот по нереализирани ветувања Горан Герасимовски. Иако тој се претставуваше како еко градоначалник, сведоци сме на уништување на зелените површини, пренамена на паркови во објекти и недоволна грижа за постојните дрвја и паркови, едноставно зеленилото го има само на хартија, не и на терен.

Очигледно е дека општина Центар не доби парк и административна зграда кај ПУИК, не доби парк со игралиште кај Клинички, ниту пак кај куќата на Есма на Кале. Тоа е билансот на визионерството на Герасимовски. На граѓаните не им е потребно експериментирање со импровизирано управување. Центарци се сведоци на спори или непостоечки инфраструктурни проекти. Многу улици и тротоари останаа неуредени, небезбедни и неадаптирани за лица со посебни потреби. Со таков кандидат за градоначалник капиталните проекти се или заглавени или нереализирани.

Нереализирани проекти кој тој напразно ги ветуваше се и градинка во Маџир Маало, градинка во Клинички центар, воспитно-образовен центар во Парк 1 со градинка и училиште, но резултатот е немање градежни активности, ни почеток, ни рокови, само илузии. Урбаниот хаос остана, а тој ветуваше ред, но донесе уште поголем метеж, наместо решенија центарци добија хаос. Не се обезбеди ниту монтажен паркинг во Дебар Маало и во Пролет, ниту гаража кај Клинички центар, а уште помалку катна гаража спроти ПУИК, само се обезбеди нарушен сообраќај, фрустрации и изневерени граѓани.

Наместо вистинско вклучување на граѓаните во процесите, често владее молк и селективна комуникација, се промовираат ситни потези како големи успеси, додека реалните проблеми тотално се игнорираат. Евидентно е дека тој е без јасна визија за развој, а бара повторно доверба од граѓаните, која не ја ни стекнал. Центар под Герасимовски е пример за проекти на хартија и реалност во распад. Четири години магла во Центар и застој под негово водство. Центарци заслужуваат домаќинска управа, отчетност и вистинска грижа за секој граѓанин, а не празни ветувања и козметички потези, заслужуваат човек со интегритет, идеи и храброст да се справи со реалните предизвици, тие ќе го изберат патот на развој, ред и отчетност. Време е за промена што значи работа, резултати и враќање на довербата кај жителите на Центар, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Градоначалникот на Центар во заминување, гради без закон, троши без логика

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче го враќаат Жерновски во раководните структури

ВМРО-ДПМНЕ: Во отсуство на реална политика и аргументи, СДС продолжува со растурање на пердуви во јавноста

НСДП: Една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, една година лажни ветувања и изневерени очекувања

ВМРО-ДПМНЕ: Кога ќе прозбори Филипче, се шири мирисот на стариот режим на Заев