(ВИДЕО) Избувнаа пожари во близина на Солун

Од:

Два пожара беснеат во Солун, поточно во Неа Епиватес и Лутра Лагада. Пожарите што избувнаа претходно во шумата Ореокастро и во Лакија во општина Терма се ставени под контрола. Поточно, 16 пожарникари со осум возила се борат со пожарот во Лутра Лагада, додека осум пожарникари со четири возила го гаснат пожар во Неа Епиватес.

Ситуацијата во Неа Риси во моментов е подобра бидејќи противпожарната бригада останува на лице место. Нов пожар избувна во сува трева во областа Профит во Лагадас. Големи противпожарни сили се мобилизирани и се борат со пламените јазици. Сепак, по истрагата на пожарникарите и со помош на беспилотни летала, се покажа дека нема опасност.

Претходно, во Солун беше подигната тревога поради пожар во приградската шума Шеик Су. Засега нема информации за жртвите, ниту за предизвиканата материјална штета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожарот во Макпрогрес ставен под контрола, неколку пожарникари повредени

ВИДЕО: Пожар во фабрика во Виница, позната по брендот „Винчини“

А1он

Изгаснат е пожарот на Кожуф, гори депонијата „Вардариште“

Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

Грција затвора повеќе од 700 училишта

Гори ниска вегетација кај кичевското село Цер