Захарова го осудува договорот за Специјален трибунал за злосторства од агресија против Украина

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес го осуди потпишувањето на договорот за Специјален трибунал за злосторства од агресија против Украина во Советот на Европа.

Таа рече дека ова е „срамна страница во историјата на Советот на Европа, а ги има многу“, додавајќи дека организацијата не знае ништо за човековите права и не е заинтересирана за правата на Русите во Украина, пренесува РИА Новости.

„Советот на Европа беше еден од првите што се изјасни во прилог на формирање квази-правни механизми насочени против нашата земја. (Оваа институција) одамна стана упориште на западната русофобија и двојните стандарди, а сега овој трибунал ја доби поддршката од Комитетот на министри на Советот на Европа“, оцени таа.

Би можело да ве интересира

Најмалку четири лица загинаа во напад во регионот на Киев

Захарова: Србија е вовлечена во конфронтација со Русија

Песков: Односите меѓу Русија и САД не одат наназад

Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Свириденко: ЕУ го одобри првиот чекор во преговорите за пристапување со Украина и Молдавија

Кремљ: „Зеленски, дојди во Москва“