Песков: НАТО мораше да направи чудовиште од Русија за да го зголеми буџетот за одбрана

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека НАТО морал да „направи чудовиште од Русија“ за да ги зголеми трошоците за одбрана од два на пет проценти од БДП.

– И од гледна точка на претставниците на НАТО, природно е дека нашата земја е најсоодветна за улогата на чудовиште, рече Песков на прес-конференција.

Песков оцени дека НАТО е на патот на неограничена милитаризација, објави РИА Новости.

„Алијансата самоуверено се движи по патот на неограничена милитаризација, Европа се движи по патот на неограничена милитаризација. Ова е реалноста што нè опкружува, ова е реалноста што ја имаме на ум“, рече Песков.

Песков рече дека е залудно да се обидува да му се каже на Западот дека нема закана од Русија, одговарајќи на барањето на новинар да коментира за изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека Русија наводно би можела да ги нападне земјите од Алијансата, објави Танјуг.

Руте во понеделник изјави дека на самитот на Алијансата во Хаг, кој започнува денес, ќе се одлучи за зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП на земјите-членки.

Би можело да ве интересира

Куделка: Кремљ ќе провоцира конфликт за да ја провери реакцијата на Алијансата

Ескалација на рускиот напад во Одеса

Путин: Светот влегува во период на зголемени безбедносни закани

Путин: Русија била и останува неразделен дел од глобалниот економски систем

Путин потпиша закон со кој се дозволува употреба на војска за заштита на руските граѓани во странство

Русија ги предупредува жителите на Киев: Напуштете го градот што е можно поскоро

Горан Наумовски