(ВИДЕО) Иран лансираше ракети кон американска база во Катар – експлозии се слушаат во Доха

Од:

Иран денеска лансираше повеќе ракети кон американските воени бази на Блискиот Исток како одмазда за нападот на САД врз иранските нуклеарни објекти во текот на викендот, потврдија за медиумите еден израелски и еден арапски функционер.

Според нивните извештаи, шест ракети се испалени кон Катар, додека една ракета била насочена кон Ирак, пишува Axios.

Снимките од експлозии од Доха, главниот град на Катар, се проширија на социјалните мрежи.

Граѓаните пријавија силни детонации и пресретнување на ракети над градот.

Како што објави „Фокс њуз“, американските разузнавачки служби проценуваат дека нападот врз нивната воена база во Катар е „неизбежна закана“, додека Пентагон сè уште официјално не ги објавил штетите и можните жртви.

Во меѓувреме, амбасадата на САД во Доха издаде итно предупредување до своите граѓани, повикувајќи ги веднаш да се засолнат.

„Како превентивна мерка, им советуваме на американските граѓани да се повлечат во најблиските засолништа и да останат таму до понатамошни инструкции“, се вели во официјалното соопштение на амбасадата.

Би можело да ве интересира

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови