Спречен е атентат врз Зеленски

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно беше цел на неуспешен обид за атентат.

Детали за планот презентираше генерал-потполковник Васил Малјук, директор на Безбедносната разузнавачка служба (SBU) на Украина, за време на затворен брифинг за домашните медиуми.

Атентатот беше спречен од заедничките сили на украинската SBU и полската безбедносна агенција ABW, објавува TSN.

Планот предвидуваше елиминација на украинскиот претседател на аеродромот Жешов-Јасионка во Полска, наводно со употреба на дрон со камера од прво лице или снајперска пушка. Според информациите од рускиот РБЦ, осомничениот е долгогодишен поддржувач на советската идеологија.

Сепак, планот беше разоткриен на време, а „Њузвик“ објавува дека тоа е уште еден во низата атентати што не успеаја благодарение на брзата реакција на безбедносните служби.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Зеленски неколкупати беше цел на вакви обиди.

Во исто време, Украина претрпе нов бран масовни воздушни напади.

Во нападите во ноќта од недела кон понеделник (23 јуни), руските беспилотни летала и ракети убија најмалку 14 цивили, додека десетици други беа ранети низ целата земја. Во Киев, девет лица загинаа, а една станбена зграда се урна.

Нападите се случија додека Зеленски беше во Велика Британија, каде што се сретна со кралот Чарлс III.

Би можело да ве интересира

Зеленски бара Европа да биде вклучена во сите мировни преговори

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

Вајдел бара Зеленски во Берлин да одговори на наводите за незаконско приведување и малтретирање луѓе