Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Од:

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по целосно спроведени две дисциплински постапки и испитани факти и околности, ги прифати предлозите поднесени од државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и одлучи дека вишиот јавен обвинител и уште еден јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје сториле тешки дисциплински повреди од член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство, односно намерно и неоправдано направиле крупни професионални грешки.

Врз основа на изведените докази, Комисијата утврди дека јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, против кого се водеше една постапка, нестручно и несовесно постапил во 4 предмети во кои се откажал од жалба или обвинение. За ова на овој јавен обвинител изречена му е дисциплинска мерка – намалување на плата во висина од 30% од платата во траење од 6 месеци од правосилност на решението, соопшто ЈОРСМ.

– За вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје, пак, се водеа две одвоени дисциплински постапки. Во едната од Комисијата утврди дека е одговорен поради констатирани неправилности во начинот на заведување на предметите во Вишото јавно обвинителство Скопје, а во другата за нестручните одлуки донесени во три од наведените предмети, бидејќи пред него биле реферирани и со негова согласност биле донесени одлуките. Со оглед на утврдените тешки дисциплински повреди во двете постапки одлучено е до Советот на јавните обвинители да биде поднесен предлог за разрешување на вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје, се наведува во соопштението.

Единствено во однос на наводите за сторена уште една тешка дисциплинска повреда од Вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје кои се однесуваа на нарушување на угледот на Јавното обвинителство, Комисијата одлучи дека постои застареност на предлогот.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, врз основа на наодите за констатираните состојби од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, во декември минатата година достави предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи и еден јавен обвинител заради нестручно и несовесно работење во четири предмети во кои се откажал од жалба или обвинение.

Хајрулахи по одлуката за негова суспензија обвини дека кривичната пријава против него поднесена од страна на Републичкиот јавен обвинител, има тенденцијата да го отстрани и заќути, како и да ги заплаши и другите колеги кои што постапуваат согласно законот, а се со цел, како што рече, да се донесат нарачани одлуки.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Време е на 2 ноември да ја направиме промената во Центар

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници, а Вреди 122

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

Пронајдена е жената што беше пријавена за исчезната во Куманово

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари