Владата не мрда со прст ниту за кочанската болница која е неопремена, реагираат од Левица

Од:

Левица ја оценува како крајно дрска и сулуда вчерашната изјава на директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, каде тој истакна дека се поделени по 150.000 денари помош на сите семејства. Тој дволично истакна дека Кочани е во фокус на владата од самиот почеток и дека ќе остане така. Но фактите говорат поинаку. Додека граѓаните преку Црвениот крст и платформата Support Kochani донираа над 3.200.000 евра, Владата потроши само 487.000 евра – за трошоци за транспорт и лекување во странство на потешко повредените. Тоа претставува срамен однос од приближно седум спрема еден за донациите на граѓаните наспроти помошта од Владата. И тоа е спротивно на првичните изјави на власта дека државата ќе донира по 150.000 денари првична помош за секое семејство, велат од Левица.

„Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ не мрда со прст ниту за кочанската болница која е неопремена, со несоодветни услови и недоволно кадар. Потребната терапија, креми, компресивни ракавици и помагала за рехабилитација сè уште се обезбедуваат исклучиво од донации на обичните луѓе.

Парадоксално, директорот Томовски во истата изјава говореше и за нужноста да се набави нов прескап владин авион! Потсетуваме дека оваа Влада која има обезбедено само 30 милиони денари за погодените од трагедијата во Кочани – за неполна една година од владеењето потроши 40 милиони денари за владиното мени со аспарагус, лигни, папаја и алкохоли. Потсетуваме и дека владини функционери на државна сметка отидоа на скапа и непродуктивна екскурзија во Јапонија заедно со своите сопруги, а исто така за владини екскурзии се изнајмуваа и приватни авиони од државната каса!

Трагично и крајно револтирачки е што за трагедија која одзеде 62 млади животи, за трагедија која никако не настанала поради вина и небрежност на тие деца, туку поради длабока корумпираност на властите – сепак актуелната владејачка гарнитура не гледа за сходно навистина да помогне и да почувствува одговорност. Наместо извлекување поука, гледаме продолжување на истата незаинтересираност, рамнодушност, ароганција и прикривање кое ја предизвика трагедијата, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти

Левица: Фотографии откриваат партиско агитирање за ДПМНЕ од членови на “независната” второстепена Комисија

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Левица: Синовите на шоферот на Јанушев со години штитени од полицијата – бараме одговори од Тошковски

А1он

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот

А1он