(ВИДЕО) Репортер на CNN влезе во зградата на иранската телевизија која ја погодија израелски ракети: „Сè е уништено“

Од:

Репортерот на CNN, Фред Плејтген, известуваше од уништеното седиште на иранската државна телевизиска станица IRIB во Техеран, која беше погодена од израелски воздушен напад.

„Се наоѓаме во главната сала на зградата IRIB. Штетата е огромна. Канцеларии, опрема, технологија – сè е практично неупотребливо“, рече Плејтген од епицентарот на нападот.

Во уништените простории има и телевизиско студио каде што водителката ги читаше вестите во живо во моментот на ударот.

„Водителката веднаш беше евакуирана, но по нападот се врати и ја заврши информативната емисија. Во Иран денес, таа се слави како медиумски херој“, додава CNN.

За време на обиколката, тимот беше предупреден за потенцијалното присуство на неексплодирани бомби во урнатините.

Властите во Техеран тврдат дека нападот врз медиумскиот објект е директен напад врз суверенитетот на Иран и најавуваат одговор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран лансираше балистичка ракета со повеќе боеви глави кон Израел

А1он

Вклучен е алармот, започна нов напад – ракети испукани кон Израел

А1он

(ВИДЕО) Нападната е зградата на иранска новинска агенција

А1он

Муцунски: 28 наши државјани побараа поддршка за евакуација, осуммина до крај на денов ќе се на безбедно

А1он

Ужасни закани – Израел повторно го напаѓа Иран

А1он

Туск: Судирот меѓу Иран и Израел не води кон регионална, туку кон глобална војна

А1он