(ВИДЕО) Манасиевски: СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, за Младенов, за Тамара

Од:

СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, за Младенов, за Тамара, за на крај да завршат со кабелот во Модуларна болница. Секогаш кога СДС е во опозиција, во недостаток на реална понуда кон гласачите, злоупотребува човечки трагедии за политички цели. Како сега што лаже Венко Филипче за Кочани, Заев лажеше дека ја знае и ќе ја каже вистината за убиството кај Смилковско Езеро. Дојде на власт, кажа дека не ја знае, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев и СДС лажеа дека ќе ја обелоденат причината за смртта на Младенов, излажаа. СДС говореше и за Диво Насеље, и за тоа излажаа. СДС чекаше нешто негативно да се случи, за да јавне на трагедијата. Кога дојдоа на власт, не само што не открија некоја нова вистина за ниту еден случај, туку и за трагедиите кои им се случија во тек на мандат секогаш за виновен наоѓаа кабел, кочници или некој друг предмет од домаќинството или механиката.

Имено, Венко Филипче наместо да одговара за 14 загинати во Тетовската модуларна болница, жртвуваше двајца директори, кои патем негодувале со Филипче кога се отворала болницата. Да потсетиме дека Филипче бил тој кој ја правел техничката спецификација која била противзаконска и немала минимум технички услови. Филипче беше тој што потпишуваше анекси исто така противзаконски, за да добие 20% повеќе пари. И за ова, никој во нивното време не одговараше, туку виновен беше кабелот. За разлика од времето на СДС, сега има одговорност за секој еден. Народот гледа дека сега правдата доаѓа, и никој не е заштитен, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он