Со ЗНАМ се водат преговори за заеднички настап и поддршка на градоначалници и за советнички листи, тврди Мицкоски

Од:

Претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не открива сè уште кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје, но напомена дека тој ќе биде поддржан од коалицијата што ќе ја предводи неговата партија и дека ќе биде иден градоначалник. Ова го кажа во одговор на новинарско прашање во врска со подготовките за претстојните локални избори.

– Не би споменувал имиња, бидејќи тоа е наша внатрепартиска процедура. Но, имаме неколку имиња кои се предмет на анкети и како што кажав во една изјава, во првата половина на јули ќе биде познат кандидатот и идниот градоначалник на Скопје, кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по отворањето на комплексот „Македонско село“ во Скопје.

За соработката со владиниот коалициски партнер политичката партија ЗНАМ, Мицкоски напомена дека се водат преговори за заеднички настап и поддршка на градоначалници и за советнички листи во општини каде ќе има потреба.

– Со политичката партија ЗНАМ преговараме за заеднички настап на локалните избори во смисла на поддршка на градоначалници. За советничките листи, тоа го кажаа и од ЗНАМ дека ќе настапат со сопствени, автентични листи на овие избори. А, во општините онаму каде што ќе се договориме ќе имаме заеднички кандидати, рече Мицкоски во одговорот на прашањето со кого ќе соработува на претстојните избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски објави видео по повод 35 години независност на Македонија

Горан Наумовски

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Растот на куповната моќ и туризмот се доказ дека државата оди напред

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар