Песков: Украина мора да ја прифати новата реалност

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Украина ќе мора да ја разбере и прифати новата реалност, иако Киев сè уште не ја разбира целосно.

„Украина сигурно ќе мора да разбере дека ситуацијата се променила во споредба со она што беше пред три години“, рече Песков, додавајќи дека Киев ќе мора да ја прифати оваа нова реалност, објави агенцијата Тас.

Во исто време, тој изрази надеж дека работата на преговарачите ќе продолжи и дека страните ќе постигнат договор за трета рунда разговори.

Рускиот функционер рече дека Украина барем може внимателно да го прочита текстот на меморандумот што ѝ го предаде руската страна, бидејќи тој ги содржи сите овие нови реалности, објави руската агенција.

Би можело да ве интересира

Доживотен затвор за руски шпион во Украина

А1он

Новинарот кој откри дека Владимир Путин имал љубовница почина на бизарен начин

Зеленски: Белорусија мора да ја демонтира опремата што ѝ помага на Русија

Има загинати и повредени во руски напад врз Полтавa

Четворица загинаа, 28 се повредени во напад со украински дрон на Крим

Зеленски: Знаеме за секоја фабрика во Белорусија што работи за Русија и за војната