По објавувањето на Регистарот на лица за кои Комисијата за лустрација утврди дека го исполнуваат условот со кој се ограничува вршењето на јавна функција, порталот Скај, се консултирал со неколку експерти запознаени со проблематиката и нивниот став е истоветен.
Комисијата, велат, несмеела да лустрира три лица од објавениот список од кој две биле соработници на Управата за безбедност и разузнавање ,односно лицата Николче Јован Бабовски како и лицето Зоран Радомир Јовановски. Додека за лицето Владимир Милчин изнесените документи не говорат дека тој соработувал со Управата за безбедност и разузнавање.
Сите средби со него на УБК било извршено на нивно барање поради неговото непријателско делување. објавено во документот бр.7 на Комисијата.
Експертите после објавувањето на документите сметаат дека се работи за политичка елиминација но и намерен распад на системот на УБК со лустрирање на првите две лица.
Веројатно, според експертите, кои се консултирани од порталот, е дека треба да следат кривични пријави против УБК и Комисијата од страна на лицата Николче Јован Бабовски и Зоран Радомир Јовановски.
Додека за лицето Владимир Милчин, велат, е веќе очигледно дека се работи за политичка пресметка и дека тој мора да ја бара правдата на меѓународни судови со соодветни кривични до Комисијата и Аџиев.
И она што е за експертите многу симптоматично, и со скратениците кои стојат во досиеата се можни манипулации.