Пезешкијан: Иран не сака војна, но нема да молчи како одговор на израелските напади

Од:

Новоизбраниот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека Техеран не се стреми да го прошири конфликтот со Израел, но дека решително ќе одговори на секаков вид агресија.

За време на разговорот со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, Пезешкијан нагласи дека Иран не ја започнал војната, но дека нема да остане пасивен доколку се случи напад.

„Израелските напади одзедоа животи на наши цивили, научници и воени команданти. Ние не сме тие што ја започнаа војната, но ќе одговориме според сериозноста на секој напад“, рече Пезешкијан, според иранските медиуми.

Тој, исто така, истакна дека продолжувањето на преговорите со САД за нуклеарните прашања е условено од прекин на израелските воени дејствија против земјите од регионот.

Од друга страна, турскиот претседател ѝ понуди на својата земја да ја преземе улогата на медијатор со цел смирување на тензиите и враќање на преговарачката маса.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Ирански медиум тврди: Моџтаба Хамнеи може да почине во секој момент

(ВИДЕО) После долго време се појави снимка од иранскиот лидер Моџтаба Хамнеи

Горан Наумовски

Аракчи: Иран покажа сила, муслиманските земји треба да се потпрат на сопствените капацитети

Горан Наумовски

Венс: Иран вети непречен проток на нафта низ Ормускиот Теснец

Пезешкијан: Иран го осуети планот за копнена инвазија