Ja лажираше својата смрт за да види кој ќе му дојде на погреб

Од:

Балтазар Лемос (63) од Куритиба, во бразилската држава Парана ги шокираше семејството и пријателите кога ја објави својата смрт на социјалните мрежи и го организираше својот лажен погреб.

Лемос, кој обично организира погреби и церемонии во чест на починатите, инспирацијата за овој потег ја пронашол во сопствените емоции. Особено бил воодушевен од една служба на која присуствувале само две лица, додека на други се собрале стотици луѓе.

Балтазар ја лажираше сопствената смрт од љубопитност, само за да види кој ќе дојде на неговиот погреб.

Сè започнало кога неговиот пријател ја објави веста на Фејсбук дека Балтазар починал.

„Балтазар Лемос нè напушти утрово“ со фотографија од маж.

Пред тоа, самиот Балтазар објави фотографија пред болницата – и сите соодветно помислиле дека нешто му се случило на човекот во болницата.

Неговото семејство беше во шок – никој ништо не знаеше, а неговиот внук веднаш отиде во болница за да ги дознае информациите. Но, тие немале никакви информации за Лемос.

Подоцна, датумот и местото на неговиот погреб се појавија на страницата на Лемос, каде што беа поканети сите што сакаа да се збогуваат со него.

Кога сите се собраа, низ целата капела се слушна машки глас – тој зборуваше за својот живот, а некои плачеа. Неколку минути подоцна, вратата од олтарот се отвори, а Балтазар Лемос излезе пред толпата, жив и здрав.

Реакцијата на роднините беше мешана – некои почнаа да плачат уште повеќе, други го обвинија Балтазар за суровост. Неговиот експеримент не беше дочекан со ентузијазам на социјалните мрежи, каде што беше осуден за овој начин на привлекување внимание.

Јавноста беше особено налутена од сознанието дека мајката на човекот била во инвалидска количка и дека можеби доживеала срцев удар поради таа вест.

Медиумите, исто така, го контактираа човекот за да ги дознаат мотивите на неговиот чин.

„Не сакав луѓето да бидат тажни. Само сакав да се преправам дека сум умрел, а луѓето го толкуваа тоа на свој начин. Сакав да знам колку луѓе ќе дојдат да се збогуваат со мене. Не ми беше намера да вознемирам, повредам или навредам некого, им се извинувам на овие луѓе“, рече Балтазар.

Би можело да ве интересира

Бразилската полиција спречи бомбашки напад планиран за концертот на Лејди Гага

Горан Наумовски

Лејди Гага одржа бесплатен концерт во Рио де Жанеиро

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он