Левица: Јавен повик за пријавување на кандидати за градоначалници

Од:

Левица била и ќе остане гласот на обесправените, на работниот народ, на оние кои секојдневно се борат за достоинствен живот во оваа земја. Ние веруваме во огромниот потенцијал на нашата држава – потенцијал кој не е во рацете на елитите, туку кај чесните, способни и одлучни граѓани. Доаѓа време кога градоначалничките функции мора да ги заземат луѓе со визија, со интегритет и принципи – луѓе кои не се плашат да се спротивстават на системот, туку се одлучни да го менуваат во корист на народот.

Оттука, согласно Одлука на Президиумот на Левица – објавуваме јавен повик за пријавување на кандидати за градоначалници.

Кој може да се пријави?

Секој полнолетен граѓанин кој може да е член на Левица, но и партиски неопределен, а кој:
– Се води од принципи, а не од интерес и суета;
– Е подготвен да се фати во костец со корупцијата, криминалот и урбаното дивеење;
– Има конкретна визија за подобра општина и подобар живот.

Како да се пријавите?

Испратете ја својата кандидатура најдоцна до 10 јули 2025 година на [email protected]
Вашата апликација треба да содржи:
Биографија (CV) според урнек (https://levica.mk/wp-content/uploads/2025/06/CV.docx);
Мотивационо писмо и 10 приоритетни мерки и проекти за Вашата општина како и визија за развојот на Вашата општина.

Не смееме повеќе да им го препуштаме управувањето на истите кои со години ја уништуваат нашата сегашност и ни ја крадат иднината. Не смееме да им дозволиме на естаблишментските партии и докажаните криминогени структури да продолжат да ги пустошат нашите општини. Твојата одлука, твојата храброст, може да биде искрата на промената.

Ако го носиш во себе гневот од неправдата, љубовта кон народот и визијата за достоинствен живот – исправи се, пријави се.
Историјата не ја пишуваат оние кои чекаат – туку оние што се осмелуваат да дејствуваат, најавуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Законот за вработување на најдобрите лекари влегува во сила

Магла на Плетвар, влажни коловози

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег

Крмов: Левица ќе поднесе интерпелација за антикорупционерката Цвета Ристовска

А1он