Препораките од ОБСЕ/ОДИХР се вградени во Изборниот законик, вели Филков

Од:

Изборниот законик, кој е во групата реформски закони кои треба да бидат донесени до јуни годинава, е подготвен и Работната група во рамки на Министерството за правда ги вградило сите препораки од ОБСЕ/ОДИХР кои беа и досега, но не беа вградени во претходните изборни циклуси.

Министерот за правда Игор Филков, по денешниот брифинг со медиумите за законите од Реформската агенда, изрази надеж дека крајниот рок од јуни годинава ќе биде фатен и за Изборниот законик.

-Тоа го имаме пратено до ОДИХР на мислење и чекаме одговор од нив. До тука можам да ви кажам дека се надевам дека ќе го фатиме крајниот рок од јуни и ќе видиме што ќе помине на гласање, изјави Филков.

За тоа дали очекува законските измени за една изборна единица да бидат изгласани пред локалните избори, Филков рече, дека очекува да бидат, но да „видиме што ќе помине како финална верзија“.

Прашан за коментар на вчерашниот предлог поднесен од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, Филков рече дека уште не го видел вчера поднесениот финален текст.

Во однос на прагот за поднесување на независни кандидатски листи, Филков рече дека имале неколку средби со низ во рамки на Министерството за правда и дека препораките се проследени понатаму.

-Во рамки на Министерството за правда досега имавме неколку консултации со „За мој Карпош“, „Зелен град“ и слично и ние препораките ги проследивме понатаму. Што ќе е во финалната верзија не знам, ќе треба да видам, и потоа ќе искоментирам, изјави Филков.

Прашан за носењето на законите за кои е потребен Бадентер, Филков рече дека тоа не е само прашање за Министерството за правда и изрази надеж дека политичките партии ќе бидат свесни дека со кочењето прават штета на еден серозен процес.

-Прашањето за Бадентер не се однесува само за Министерството за правда и јас се надевам дека сите политички партии кои се активни чинители на општествениот живот во Македонија се свесни дека не смеат да ги кочат законите кои што се носат во интерес на граѓаните и ќе бидат свесни дека со тоа прават штета на еден сериозен процес, изјави Филков.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Мицкоски не е оптимист за Изборниот законик, ги нарече опозитиските политичари неодговорни и незрели

Рокас: Се надевам дека денеска ќе се постигне консензус за измените на Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Одложена координативната средба на опозициските партии околу Изборниот законик, поради неприсуство на СДСМ

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Левица иницира средба на опозициските партии за договор за Изборниот законик

Катерина Ѓуровски