Иран: Ако се случи конфликт ќе ги „прегазиме“ американските бази

Од:

Доколку нуклеарните разговори не успеат и се случи конфликт со САД, Иран ќе ги нападне американските бази во регионот, изјави денес иранскиот министер за одбрана Азиз Насирзаде, неколку дена пред планираната шеста рунда иранско-американски нуклеарни разговори.

„Некои претставници од другата страна се закануваат со конфликт ако преговорите не вродат со плод. Доколку ни се наметне конфликт, сите американски бази се во наш дофат и ние смело ќе ги таргетираме во земјите домаќини“, рече Насирзаде за време на прес-конференција.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано се закануваше дека ќе го бомбардира Иран ако не постигне нов нуклеарен договор, објави Ројтерс.

Следната рунда разговори е закажана за оваа недела, при што Трамп изјави дека разговорите ќе се одржат во четврток, додека Техеран вели дека ќе се одржат во недела во Оман.

Се очекува Иран да поднесе контрапредлог на претходната понуда на САД за нуклеарен договор што Техеран ја отфрли, а Трамп во вторникот предупреди дека Иран станува „многу поагресивен“ во нуклеарните разговори.

Би можело да ве интересира

„Фајненшл тајмс“: Вашингтон му помага на Киев да ја пробие руската воздушна одбрана

Вeнс: Украинската контраофанзива беше тактичка катастрофа

Иран: Поддршката на Хезболах останува револуционерна должност на Техеран

Милиони луѓе присуствуваат на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран

ВИДЕО: На погребот на Хамнеи, повик за убиство на Трамп: „Зошто е сè уште жив?“

(ВИДЕО) Застрашувачки сцени од Вашингтон: Стотици расисти и неонацисти во бели маски маршираа низ улиците

Катерина Ѓуровски