Русија: Ќе има решителен одговор на провокациите и ракетните закани од Киев

Од:

Русија ќе одговори решително на сите провокации од страна на режимот во Киев и ракетните закани против него, изјави рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев.

Дарчиев нагласи за Тасс дека контактите со САД за стратешка стабилност не можат да се одвојат од конфликтот во Украина, а исто така привлече внимание и на плановите на САД за создавање на ракетниот одбранбен систем „Златна купола“.

„Секако ги земаме предвид сите овие точки, јасно ставајќи му до знаење на Вашингтон дека провокациите на режимот на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски, охрабрени од Западот, и појавата на многу опипливи ракетни закани, вклучително и по периметарот на руските граници, ќе наидат на неизбежен и решителен одговор“, предупреди тој, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Москва предлага пакт со НАТО