Мицкоски: Гасоводот кон Грција е отпочнат да се гради

Од:

Гасоводот кон Грција е отпочнат да се гради, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Мицкоски истакна дека затекнале проект којшто седум години не бил поместен од место.

„Како Влада затекнавме еден проект којшто седум години не беше поместен од место и кога беше извршена некаква евалуација тогаш заемодавателите одлучија да го прекинат поради тоа што претходната влада на СДСМ и ДУИ креирала спецификација таква каква што не одговара на критериумите коишто ги даваат заемодавателите. На брза трака го ставивме тој проект, го корегиравме со новото раководство на „Нома гас“, тендерската документација се доврши, се потпиша договор со фирма изведувач и во моментот траат градежните активности.

Се надевам многу скоро од денес сите заедно ќе појдеме на лице место и да се радуваме на уште еден проект којшто е многу значаен за сите нас. Бидејќи прво е двосмерен, не е едносмерен како цевководот којшто доаѓа од Бугарија, во Жидилово – Крива Паланка, овој е двосмерен. И доколку, а се надевам многу скоро ќе отпочне градбата на северниот интерконектор со Србија, тогаш како држава сме на мапата на транзит на гас и многу значајна за транзит на гас од југот, односно од терминалот Александрополи или пак од другите земји извонзички на гас, Азербеџан, Катар итн. кон централна Европа. И ние како држава добиваме на исклучително гео-стратешко значење. Тоа е една од моите лични цели коишто во овој мандат, во овие четири години очекувам да ја завршиме“, дециден е Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

Осуетен напад со експлозив што можеше да ги остави Србија и Унгарија без гас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената