Најдобро би било Обединетите нации (ОН) да се преместат од Њујорк во Сочи, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Советскиот лидер Сталин сериозно го предложи тоа. Но, потоа се сретна со (тогашниот американски претседател Френклин) Рузвелт на Лонг Ајленд, а потоа и на Менхетен – рече Лавров, пренесува РИА.
Тој оцени дека е нереално ОН да се премести сега.
– Сите тие структури се вкоренија длабоко, не само физички, во форма на згради и имот, туку и во форма на персонал. Откако беа воведени постојани договори, персоналот си купи станови и куќи во близина. Ако сега се преселат на друго место, тоа би било големо раселување на луѓе – рече шефот на руската дипломатија.