Хамас: Израел е одговорен за животите на активистите на бродот „Мадлин“

Од:

Еден од лидерите на палестинското милитантно движење Хамас, Басем Наим, денес објави дека Израел е одговорен за животите на активистите и патниците на бродот „Мадлин“, кој плови кон Појасот Газа со симболична хуманитарна помош.

„Заканите на израелскиот окупациски режим за активни движења за прекин на опсадата на Газа никогаш нема да ја скршат волјата на слободните луѓе ширум светот да ја постигнат својата цел, а тоа е прекин на опсадата на овој појас“, рече Наим.

Активистите на бродот „Мадлин“, кој го управува меѓународната непрофитна организација „Коалиција за слободна флотила“ (FFC), денес објавија дека бродот доживеал прекин во своите навигациски системи, пренесува иранската новинска агенција Ирна.

Би можело да ве интересира

„Одете по ѓаволите“: Венс жестоко одговори на наводите за притисок врз Белата куќа

Четворица загинати во израелските воздушни напади врз Појасот Газа

Нетанјаху: Израел ќе одговори силно и решително на секој напад врз негова територија

Алакбаров: Хамас ги попречува испораките на хуманитарна помош во Газа

Демократите бараат блокирање на американскиот воен буџет поради соработката со Израел

Кан: Израел сака да го нападне Иран, но чека зелено светло од Трамп