Харис: Протестите во Лос Анџелес се мирни, постапките на Трамп се сурови

Од:

Протестите во Лос Анџелес против рациите на американската Служба за имиграција и царина (ICE) се претворија во судири на улиците на Лос Анџелес, а актуелниот американски претседател Доналд Трамп одобри распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во градот.

Насилството ескалираше за време на викендот: демонстрантите фрлаа камења и Молотови коктели, запалија автомобили и се судрија со полицијата на неколку локации во градот. Полицијата одговори со солзавец и гумени куршуми, а Националната гарда зазеде позиции пред федералните згради и други објекти.

Поранешната потпретседателка на САД и претседателски кандидатка Камала Харис, која доаѓа од Калифорнија, ја критикуваше одлуката на Трамп за распоредување трупи, нарекувајќи ја „опасна ескалација“ и дел од „сурова, пресметана агенда“ насочена кон ширење страв и поделба.

„Лос Анџелес е мојот дом. И како и многу Американци, сум згрозена од она што го гледаме на улиците на нашиот град. Ова не е прашање на јавна безбедност, ова е ширење паника“, напиша Харис во објава на Платформа X.

Харис нагласи дека протестите „беа претежно мирни“ и дека продолжува да ги поддржува милионите Американци кои „се залагаат за фундаментални права и слободи“.

Би можело да ве интересира

Масовен протест во Тел Авив: Запрете ја војната, ослободете ги заложниците од Газа

А1он

(ВИДЕО) Протести во Лондон за поддршка на „Акција за Палестина“ – десетици уапсени

А1он

Гнев на улиците во Киев: Зеленски го нарекуваат „предавник“

(ВИДЕО) Тројца заменици-шерифи загинаа на полигон за обука во Лос Анџелес

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во експлозија во Лос Анџелес

Горан Наумовски

Вучевиќ: Најлошите од најлошите ги блокираат најдобрите

Горан Наумовски