Новак испишува нови страници во историјата на тенисот со триумфот над Зверев

Од:

По три часа и 17 минути речиси брилијантен тенис, Новак Ѓоковиќ го победи Александар Зверев и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос.

Србинот славеше на стадионот „Филип Шатрие“ со резултат 3:1, во сетови 4:6, 6:3, 6:2, 6:4.

Со овој триумф, Ѓоковиќ испиша нови страници во историјата на тенисот, а воедно и сруши рекорд стар точно 50 години!

Ѓоковиќ стана најстариот играч кој победил играч од Топ 10 на земјена подлога. Тој рекорд го држеше Кен Роузвел од 1975 година кога го победи Илија Настасе.

Новак стигна до полуфиналето на еден од четирите Гренд слем турнири по 51-ви пат. Со ова се зголеми разликата со второпласираниот Роџер Федерер, кој играл во полуфиналето 46 пати.

Српскиот ас стана и вториот најстар тенисер кој стигнал до полуфиналето на Ролан Гарос. На 38 години, тој беше постар само од Ричард Панчо Гонзалез, кој имаше 40 години во 1968 година. Чекаме Новак да го сруши и овој рекорд.

Би можело да ве интересира

Синер пресилен за Ѓоковиќ – обезбеди финале на Вимблдон

А1он

Ѓоковиќ пцуеше на Вимблдон – казнет е 5.600 фунти

А1он

Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон

Горан Наумовски

Ѓоковиќ се пласираше во осминафинале на Вимблдон

А1он

Новак се мачеше, но стигна до третото коло на Ролан Гарос

Горан Наумовски

Шок за Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим – српскиот ас се „сопна“ на првата скала

А1он