Европски фронт поднесе интерпелација за претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски

Од:

Пратеничката група на Европскиот фронт вчера до претседателот на Собранието Африм Гаши поднела интерпелација за претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Пратеникот Илир Хасани денеска на прес-конференција образложи дека интерпелацијата е поднесена за работата на Костадиновски врз основа на член 72, став 1 и став 2 од Уставот на Република Северна Македонија. Според Хасани, Костадиновски свесно го прекршил Законот за употреба на јазиците и членот 101 од Законот за Уставниот суд.

-Сакам да нагласам дека оваа иницијатива нема за цел да изврши притисок врз Уставниот суд за разлика од другите претходни интерпелации кои беа јасно од политичка природа туку има социјална и медиумско влијание. Нашата цел е да поведеме институционална дебата за фукционирање на оваа инстицуија и улогата на нејзиниот претседател во почитување на Уставот и постоечките закони, рече Хасани.

Според него, Костадиновски има предрасуди кон албанскиот јазик и прашува што има против албанскиот јазик.

-Во причините за интерпелацијата може да споменеме интервју што е дадено за новинарската агенција МИА во август 2024 година, каде што цитирам „дека политиката што ја создаде тој закон создаде еден вид правен хаос што резултираше со политички хаос, недоверба и дилема. Факт е дека законот се спроведува и дека создава проблеми со неговата имплементација“. Оваа изјава покренува неколку прашања: Врз основа на кој член од Уставот или кокретен закон претседателот на Уставен суд смее да карактеризира закон како извор на политички и правен хаос и дали е во надлежност на претседател на Уставен суд да утврди проблеми во спроведување на зкаонот и да предвиди законодавна интервенција. Ваквите изјави ги намалуваат рамките на надлежностите дефинирани со закон и создава серија сомнежи за непристараноста на претседателот на Судот во случаи што се уште се во фаза за разгледување, рече Хасани.

Пратеникот се повикува и на други медиумски објави како кога на новинарско прашање зошто во натписот зад говорницата на Уставниот суд е само на македонски јазик, Костадиновски одговорил дека тоа се случува само поради носење на лоши закони и навел дека законот за употреба на јазиците не го вклучува Уставниот суд.

-Оваа изјава е навредлива и изразува предрасуда за Закон што е донесен од Собранието и се спроведува и исто така ги прекршува одредбите од член 101 од Законот за Уставниот суд со кој се забранува јавно изразување став за случаи што се предмет на разгледување во Судот, смета Хасани.

Пратеникот вели исто така дека Костадиновски во барањето до Венециската комисија употребил термин „малцинство“.

Интерпелацијата, според пратеникот не е за тој да се разреши туку има политичко влијание тој да одговори на нивните обвинувања, особено што наскорто треба да се одржи седницата на Уставниот суд во врска со Законот за употребата на албанскиот јазик. Хасани вели дека очекува од Костадиновски да присуствува на пленарната седница на која ќе се расправа за интерпелацијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд

Горан Наумовски

Уставен суд: Судот останува на ставот дека институтот „интерпелација” не се однесува на уставните судии

Управен суд: Одлуката за изборот на Елизабета Дуковска за уставна судијка не е задоцнета, туку законита и правно аргументирана

Села: Најавите дека пратеници од Европски фронт ќе прејдат во владејачкото мнозинство се лага и специјална активност на службите

Костадиновски: Одлуката на Управниот суд ќе произведува правни последици, во никој случај по службена должност нема преиспитување на нашите одлуки

Уставен суд: Укинат е членот кој предвидува при унапредување на обвинителите да се цени и работењето како членови на Советот на јавни обвинители

Горан Наумовски