Ердоган: Турција е посветена Зеленски и Путин да ги седне на иста маса

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе преземе чекори за да овозможи средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.

Како што пренесе Би-Би-Си, Ердоган изразил надеж дека двајцата лидери ќе се согласат да се сретнат „во Истанбул или Анкара“, а би им се придружил и американскиот претседател Доналд Трамп.

– Доколку прифатат, би сакал да се состанам со нив на оваа средба и со тоа да го претвориме Истанбул во центар на мирот, рече тој. „Ќе преземеме чекори кон тоа по оваа последна средба.“

Русија и Украина разговараа за потенцијална средба меѓу нивните лидери за време на денешните мировни преговори во Турција.

Би можело да ве интересира

Путин го одби Зеленски

Путин: Подготвен сум и расположен сум да преговарам со Украина за условите утврдени на Алјаска

Горан Наумовски

Трамп одговори на отвореното писмо на Зеленски до Путин

Зеленски: Путин, одреди датум за завршување на војната

Горан Наумовски

Зеленски: Русија уби повеќе од 700 деца во Украина од почетокот на војната

Путин доби сериозно предупредување – нивото на воени трошоци станува неодржливо за економијата на земјата

А1он