ВМРО-ДПМНЕ: Владата презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните

Од:

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните. Преку мерки за поддршка за вработување ќе се подобри економската состојба на сите во државата, а со поддршката за самовработување и основање сопствени бизниси ќе се поттикне и развојот на економијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со Оперативниот план 2025, насловен „Визија за промена“, исто така, Владата прави се младите луѓе да бидат задржани во Македонија. Тука да работат, творат и да ја градат својата иднина и семејство.

Мерката за самовработувањето, предвидува да опфати 1.703 лица кои ќе имаат можност преку неповратен грант да отворат свои бизниси, што претставува директна поддршка за стартап бизниси на млади.

Мерките кои директно ќе влијаат развојот и напредокот на младата популација се, поддршката за самовработување-невработени млади лица до 29 години која треба да опфати 720 лица кои ќе добијат финансиската поддршка е 615.000 денари неповратни средства за основање на бизнис.

Поддршка за 220 млади до 29 години за здружување на два содружника во ДОО кои ќе добијат неповратни средства во износ од 1.230.000 денари. Исто така, планот предвидува доделување на 3.000 денари за финансирање на дел од трошокот за регистрација на правен субјект. Во овој Оперативен план се предвидува да бидат вклучени минимум 40 отсто од младите во државата, кои ќе имаат можност да работат и да творат во државата. Оперативниот план има за цел да ја намали невработеноста и да го искористи целиот човечки капацитет на Македонија кој ќе донесе развој на економијата и ќе обезбеди подобар живот за сите граѓани“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски