Виткоф: Одговорот на Хамас за прекин на огнот во Газа е целосно неприфатлив

Од:

Специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, денес изјави дека одговорот на Хамас на неговиот предлог за договор за прекин на огнот во Појасот Газа е „целосно неприфатлив“.

„Хамас треба да го прифати рамковниот предлог што го предложивме како основа за тесни преговори, кои можеме да ги започнеме веднаш следната недела“, рече тој.

Виткоф нагласи дека ова е единствениот начин брзо да се склучи 60-дневен договор за прекин на огнот, според кој половина од заложниците и телата на некои од убиените ќе бидат вратени во Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека тоа е и единствениот начин страните наскоро „да преговараат и да водат суштински преговори со добра волја за да се обидат да постигнат траен прекин на огнот“.

Израелскиот весник истакнува дека ова е прв пат Виткоф да го претстави предлогот како рамка за понатамошни преговори, а не како конечен предлог што страните треба да го прифатат.

Би можело да ве интересира

Десетици илјади Палестинци го напуштија градот Газа

Нетанјаху потпиша договор за проширување на населбата Е1: Нема да има палестинска држава

Хамас: Нападот врз катарските лидери не ги менува нашите услови за прекин на војната во Газа

WSJ: Турција и Египет го предупредиле Хамас да ја засили безбедноста пред нападот во Доха

Израел: Ќе го таргетираме Хамас каде и да е, никаден нема имунитет

Хамас: Преговарачки тим го преживеа израелскиот напад