Уапсен жител на Белчишта кај кого се пронајдени 145 стебла канабис сатива

Од:

Полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Охрид, уапсија лице од село Белчишта, општина Дебрца, кај кого при претрес извршен по судска наредба, биле пронајдени 145 стебла канабис сатива.

Како што стои во соопштението на МВР, кај лицето Љ.О.(52) покрај 145 стебла од растението канабис сатива, биле пронајдени и одземени повеќе предмети со марихуана, семки, најлонски и хартиени вреќи со гранки и лисја од непознато растение.

– На 30.05.2025 година во 13.30 часот, во селото Белчишта, општина Дебарца, лишен од слобода е Љ.О.(52) од истото село кај кого, при претрес извршен по Судска наредба, полициските службеници од Криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа 145 стебла од растението канабис сатива, повеќе предмети со марихуана и семки, најлонски и хартиени вреќи со гранки и лисја од непознато растение, метален грендер со остатоци од марихуана и други предмети, стои во соопштението на МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Татко и син осомничени за илегална трговија со марихуана во гевгелиско

Трамп потпиша указ за ублажување на федералните регулативи за медицинска марихуана

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски

Србин преку „Табановце“ се обиде да пренесе 130 кг. марихуана сокриена во 14 патнички торби

Горан Наумовски

Приведен е жител на скопско Страчинци – кај него се најдени гранки и стебла од канабис

А1он

Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола – Прилеп

А1он