Триесеттина луѓе на планетата можат прецизно да се сетат на секој момент од својот живот

Од:

Дали можете да се сетите што сте имале за ручек на 8 март 1999 година или што сте носеле 29 октомври 1985 година? Тоа го можат само малкумина луѓе (до сега регистрирани само 33) кои можат да се сетат на речиси секој момент од својот живот од десеттата година па натаму.

Научниците оваа способност ја нарекукваат вонредно автобиографско помнење, а неодамна откриле по што мозокот на овие лица се разликува од мозокот на останатите луѓе.

Експертите од Унвиерзитетот Калифорнија во Ирвинг проучувале 11 лица со ваква способност и притоа во девет подрачја во нивниот мозок откриле извесни специфики, при што повеќето од нив, што не е нималку изненадувачки, се наоѓале во подрачјата поврзани со автобиографско помнење. Освен тоа учесниците во студијата имале поцврста бела маса која го поврзува централниот и предниот дел на мозокот отколку припадниците на контролната група.

Според зборовите на научникот Аурора Лепорт следната фаза од истражувањето ќе биде посветена на откривањето на механизмите кои се кријат зад помнењето.

Дали е во прашање само мозокот и начините на кои комуницираат неговите различни структури? Можеби станува збор за генетски механизам, а можеби за молекуларен, вели таа.

Феноменот познат како хипермнезија научниците првпат го опишаа во 2006 година. Тие забележале дека луѓето со ова пореметување не постигнуваат посебни резултати на тестовите за помнење и оти нивното супер помнење се разликува од помнењето на луѓето кои можат да повторат долги списоци од факти и броеви.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ