Средба Муцунски – Грир: Постигнат конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите и дефинирање на следните чекори кон потпишување Договор за слободна трговија

Од:

За време на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари значајна средба со Џејмисон Грир, трговски претставник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Средбата беше фокусирана на унапредување на билатералната трговска размена и отворање нови можности за економска соработка меѓу Северна Македонија и САД.

„Важно е да истакнам дека постигнавме конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите, како и во дефинирањето на следните чекори кон потпишување Договор за слободна трговија“, информираше министерот Муцунски преку социјалните мрежи по средбата.

Во текот на разговорите, министерот Муцунски ги претстави и економските политики на Владата насочени кон подобрување на деловната клима, поттикнување на странски директни инвестиции и обезбедување стабилна и предвидлива регулаторна рамка за американските компании заинтересирани за инвестирање во Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема индивидуални исклучоци, разговараме за полесен влез во ЕУ

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Муцунски за „Евроњуз“: Не сме проевропска држава само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме

Муцунски: Нема услови за уставни измени, Владата не е подготвена да преземе било каков чекор

Фон дер Лајен одговори на заканата на Трамп за царини на автомобили

Муцунски за нападот врз Трамп: Насилството нема место во демократските општества

Катерина Ѓуровски