Мицкоски ги повика пратениците од опозицијата да поддржат една изборна единица

Од:

Претседателот на македонската Влада Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања ги повика пратениците од опозицијата да поддржат измени на Изборниот законик за една изборна единица, со што како што нагласи ќе се овозможи и дијаспората да гласа.

Премиерот Мицкоски потврди дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колаицијата ќе поддржат Закон за една изборна единица.

-Ве повикувам заедно сите да го промениме Изборниот законик и да направиме една изборна единица и во таа една изборна единица да дозволиме да се формираат избирачки места во оние држави во кои се дозволува согласно Устав да се формираат избирачки места надвор од Дипломатско конзуларните претставништва (ДКП). Јас сум подготвен веднаш, а и пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, да го поддржиме тој закон каде што ќе има една изборна единица и во таа една изборна единица да се гласа, вклучително да бидат вклучени и гласовите од дијаспората. Да се гласа насекаде каде што дозволува законот на таа држава, да се гласа надвор од ДКП. Веднаш подготвен сум да го поддржам тој закон и давам збор дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи, одговори премиерот Мицскоски на пратеничко прашање поставено од пратеничката Илирие Даути.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

Премиерот за Преспанскиот договор: Ветувањата останаа неисполнети

Мицкоски: Во петок и во сабота средби со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ за најавената владина реконструкција

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Од следната недела значително намалување на цените на бензините, очекува Мицкоски